Добре дојдовте на нашата онлајн продавница и уверете се во квалитетот на нашите производи!

Често поставувани прашања

Како да направам успешна нарачка?

Чекор 1: Направете избор на саканите производи и додадете ги во вашата шопинг кошничката со притискање на копчето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА (со што се додава едно парче).

Чекор 2: Одберете од понудените опции за големина за самиот производ

Чекор 3: Количината може да ја одредите со притискање на копчето Плус доколку сакате да ја зголемите количината или со притискање на копчето Минус доколку сакате да ја намалите количината на избраниот производ.

Чекор 4: Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Направете проверка во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето КОН ПЛАЌАЊЕ или ако сакате да продолжите со купување на други производи кликнете на копчето ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ.

Чекор 6: Внесете ваши податоци во Податоци за купувачот . Ако купувачот е исто лице со примачот означете го полето Примачот е ист со купувачот? и податоците автоматски ќе се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето Податоци за примачот

Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши испораката. Како предлог ќе ви биде прикажан првиот слободен датум за испорака до вашето место на живеење.  

Чекор 8: Означете го полето Се согласувам со условите и полтиките на купување и кликнете на копчето КУПИ

Чекор 9: Плаќањето го вршите со платежна картичка, при што на наредната страна ќе мора во соодветните полиња задолжително да ги внесете следниве информации:
– број на платежна картичка
– име на имателот на платежната картичка
– тип на платежната картичка
– важност на платежната картичка и
– CVV2/CVC2 (верификациските вредност/код на картичката)

Чекор 10: По завршувањето со плаќањето на нарачката ќе добиете порака за  УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА и ќе Ви биде испратен e-mail на адресата на електронската пошта која ја имате наведено, за потврда на нарачката.
E-mail пораката содржи:
- број и датум на нарачката, вид, количина, поединечна и вкупна цена на нарачаните производи,
- информации за трансакцијата
- информации за достава на нарачката, начин и време на достава и податоци за купувачот како и адресата за достава.

По извршената наплата и добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот, нарачката е примена и се подготвува за доставување при што Производот/те се резервирани за испорака.

* Успешна реализација на нарачка при плаќање е доколку добиете потврда за УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА, во спротивно тоа значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во ваков случај проверете дали имате внесено погрешни податоци од вашата платежна картичка или проверете ја состојбата на вашата платежна картичка. Обидете се повторно да ја направите нараката и доколку повторно се појави било каков проблем Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број: 075/250-687 или е-пошта: info@citygourmet.mk
Дали за да направам нарачка треба да бидам регистриран корисник?
Корисникот не мора да биде регистриран во системот за да направи нарачка. Вие како корисник слободно може да си купите производ, но условот е само полињата кои се задолжителни да бидат потполнети за да се комплетира нарачката.
Дали може да извршам промена на мојата нарачка откако истата ќе биде успешно комплетирана и платена?
Не дозволуваме да се извршуваат било какви промени или пак да се откажуваат направените нарачки 24 часа пред датумот за испорака.
Кои платежни картички и сервис се користат за онлајн плаќање?

За плаќање на вашите нарачки се користат следните платежните картички (MasterCard, Maestro, Visa и Diners Club)
Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка кој што ги користи сите најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации за нашите производи, акции и промоции.